Црвенковски: Ќе има голем раскол во СДСМ оваа зима а Маричиќ прв ќе настрада во оваа криза

Откако пред неколку дена помисливме дека Црвенковски целосно се повлече од јавноста тој сите не изненади и преку соопштение како поранешен претседател и премиер застана на страната на граѓаните.

Црвенковски смета дека оваа зима ќе има голем раскол во СДСМ и дека потоа партијата ќе се распадне на два дела.

Црвенковски: „Во овие моменти СДСМ е во тотален хаос затоа што Ковачевски е под целосно влијание на Пендаровски откако Пендаровски решително кажа дека доколку нема греење и тој нема да се грее а дека ако нема за јадење и тој нема да јаде и ќе држи диета Ковачевски целосно се согласи со ставовите на Пендаровски и предизвика фракции во и онака разлигавената СДСМ па затоа оваа зима ќе настане голем раскол и поделба во СДСМ а прва жртва ќе биде Маричиќ кој ќе нема сила да се придржува на вонредниоте диети за да биде солидарен со народот“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw