Ковачевски: Ако немате парно загрејте вода во мало тенџере и наполнете ги радијаторите

Премиерот и експертот за транспорт на топлинска енергија, Димитар Ковачевски, кој пред само неколку дена твреше дека парно ќе има така што ќе се загрее вода во топланите и ќе се спроведе до радијаторите, за секој случај подготви прирачник со совети како граѓаните да се стоплат доколку неговите предвидувања не се исполнат.

Во него, покрај многуте иновативни начини како да се штеди енергијата, најсилен впечаток остава откритието дека радијаторите може да се затоплат во домашни услови, и тоа според владините препораки за заштеда, со вода зовриена во мало тенџере.

На нашето прашање што доколку земјава остане без вода или започне трета светска војна, тој одговори дека за првиот случај има спремен закон со кој ќе ја одложи зимата, а за вториот немаше одговор зошто баш тој ден имал закажан хируршки зафат.

Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА

EfIhjEhiVZjACvmw