Продолжуваме со серијата официјални документи со кои се побиваат грчките и бугарските тврдења дека македонскиот јазик и нација се измислени и дека се формирани со одлука на Јосип Броз Тито и Коминтерната.
Благодарение на поранешниот македонски амбасадор во Полска, Петре Наковски кому се отстапени овие оригинални документи од страна на македонските бегалци од Егејска Македонија, продолжуваме со демаскирањето на грчката пропаганда.

Во нотарскиот акт заверен на 6 март 1915 година, пишува:
„Пред мене, нотарот Василиу П. Кувела, во присуство на сведоци, грчки државјани кои ми се познати, здрави и неосудувани жители на Лерин, трговците Теодор Керамици и Христо Данаил, ми се јавија и се легитимираа Ставро Стојчев, земјоделец, жител на Опсирина, Околија Флорина и Алим Јузеир, жител на Флорина, земјоделец. Тие не го знаат грчкиот јазик. Првиот зборува МАКЕДОНСКИ, вториот турски. Го повикавме преведувачот Наум Грива, трговец со тутун, кој се заколна пред Светото евангелие дека верно ќе врши превод од македонски и турски на грчки и обратно“.

Нотарски акт бр. 1023 заверен на 18 Септември 1916 година во село Владово ( сега преименувано во Аграс*) во Воденскиот регион, официјално потврден од Грчкиот нотар Лука Василеиу, дека и двајцата локални жители, продавачот и купецот не го знаат грчкиот јазик, а единствено МАКЕДОНСКИОТ јазик.
Документот е потпишан од сите присутни и завeрен со печат на нотарот и на грчката административна управа.
Водејќи се од големата христијанска традиција со која Грците се гордеат, би ги запрашал како истите тие се колнеле пред Библијата дека верно ќе преведуваат од македонски на грчки и обратно, а сега истиот овој македонски јазик не го признаваат!?
*Дополнителен доказ кој сведочи за оригиналните имиња кои биле македонски, а прифатени и од самите Грци. Но, со грчкиот декрет заведен под бр. 332 од 1926 година беше наредено итно преименување на сите македонски називи на реки, планини, села и градови со грчки имиња. Истото се случило и со поранешното Владово, кое било преименувано во Аграс.
НОВОСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Драма вечерва над Македонија- авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета!
Градоначалникот на Велес спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка
Јонуз: Македонија само уште на хартија не е федерализирана, но Албанците не смеат ни уста да отворат, а камо ли официјално да ја федерализираат без ‘‘амин‘‘ на Американците