Ковачевски: Тие што пушат виткани цигари ќе мора да платат поголем данок за да се купи струја

Откако премиерот не ги доби контактите од опозицијата за да набави поевтина струја за граѓаните и стопанството реши на подруг начин да најде дополнителни средства за да набави дополнителни количини на струја.

Ковачевски: „Откако Мицкоски ме изигра и не ми ги даде контактите за да купиме поевтина струја за оваа зима морав да ја употребам својата креативност па да ми истекнат и нови идеи, па така дојдов до идеа дека сите оние кои не купуваат цигари туку си виткаат цигари дома треба да плаќаат поголеми даноци затоа што имаат вишок на пари па со овие нивни пари ќе можеме да си купиме дополнителни количини струја“.

Неофицијално и Спасовски се пријавил да биде дел од оваа акција па веќе се наоѓа на битпазар и оддалеку снима кој купува тутун и машинки за виткање за да може оваа категорија на луѓе да има соодветни оданочувања за да можеме да си купиме струја.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw