December 5, 2022

Советот за безбедност одлучи: И ние ќе мобилизираме војска па Русија нека се пази

Денес советот за безбедност имаше вонредно заседавање поради новите случувања во Европа и светот.

На советот за безбедност присуствуваа нашиот претседател и врховен командант Пендаровски заедно со сите останати кои требало да бидат таму.

Тимот на седницата за безбедност изрази длабока загриженост поради новите 300 000 мобилизирани руски војници и затоа одлучи да спроведе контра одговор односно и Македонија ќе ги мобилизира своите големи воени капацитети па потоа Русија нека се пази затоа што самата си го предизвика овој проблем.

Веднаш откако ќе заврши советот за безбедност министерството за одбрана ќе го започне процесот на сеопшта мобилизација преку оглас. Во огласот ќе биде наведено дека секој еден кој ќе се пријави на оваа мобилизација како награда ќе добие 10 килограми кашкавал 10 литри зејтин и 10 месеци ќе биде ослободен од плаќањето на струја па ќе може слободно да си копа биткоини или било кој друг на крипто валути на државна сметка.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw