Ковачевски: Се сомневам дека забраната на Руска музика не помогна во војната..

Војната во Украина се уште трае и секојдневно илјадници луѓе страдаат поради истата.

Нашата земја, членка на НАТО исто така проба да помогне на Украина, но премиерот Ковачевски почнува да се сомнева дека помошта можеби не им завршила огромна работа на Укранците.

“Пробавме да забраниме музика од Русија и концерти со истата. Ова беше пред пар месеци. И гледам дека се уште постои војна во Русија?!?! Малце чудно, морам да признаам… Почнувам да се сомневам дека забраната на концертот на Руски класици и не помогна премногу во војната. Чудно… Ќе треба да размислиме за нова помош.” – изјави Ковачевски во интервју со еден наш новинар што го сретна во локалната бурекџилница.

Извор: кооперација.мк Автор З Стефковски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА

EfIhjEhiVZjACvmw