Даниел Кајмакоски обелодени голем скандал поврзан со Зоран Заев и Димитар Ковачевски

Не престануваат скандалите кога се во прашање политичарите од Македонија.

Познатиот Македонски пејач Даниел Кајмакоски обелодени голем скандал кој е поврзан со Заев и Ковачевски.

Пејачот ги обвинува сегашниот и поранешниот премиер дека немале храброст па дезертирале кога требало за него да се гласа во финалето кога пеел.

Кајмакоски: „Се сеќавате кога се натпреварував во пеење? Епа тогаш Зоран Заев и Димитар Ковачевски испаднаа меки како сунѓери и немаа храброст да гласаат за мене мислам ова докажува дека тие се дезертери во душата имам и докази за ова што го зборувам затоа што ја имам листата од операторите за тие кои гласале за мене а нив двајцата ги нема на списокот“.

Заев и Ковачевски за овој скандал кратко посочија дека не е добро да се злоупотребува периодото кога Кајмакоски пеел затоа што во тој период биле спречени да гласаат затоа што телефоните им биле на хирушка операција. И покрај обвинувањата Заев и Ковачевски му посакаа многу успех на Кајмакоски во кариерата и се надевааат дека набрзо ќе има поголем број на песни од колку што Александар Маленко има разводи.

Инаку во моментов Кајмакоски е активно вклучен во штедењето на струја па така ниту си вари кафе ниту пак дозволува друг да му свари кафе.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw