Владата: По предлог на Бислимовски ќе го продадеме мерцедесот а со парите ќе купиме 2 килограми кашкавал и 1 килограм струја

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Бислимовски и мерцедесот кој беше купен од страна на Груевски реши овој пар навистина да го продаде.

Од владата сметаат дека мерцедесот е симбол на недомаќинлук и бесмислено потрошени народни пари.

Откако ќе се продаде мерцедесот парите ќе бидат искористени за пребродување на кризата односно со истите ќе се купи 2 килограми кашкавал и еден килограм струја, струјата ќе стои во резеервите па ќе биде искористена кога најмногу ќе биде потребно а кашкавалот ќе биде како гаранција доколку имаме потреба да подигнеме кредит од ммф или од светската банка.

Во процесот на наддвање ќе може да учествува секој но наместо со пари наддвањето ќе се одвива со мекици направени од Рашковски па така почетната цена на ова возило е 10 мекици од кај Рашковски.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw