ЕУ: За да ја намалиме корупцијата во Македонската влада ќе донираме 1 милион тони кашкавал

Македонија одамна сака да влезе во Европската Унија но никако да се оствари оваа желба можеби затоа што во Македонија политичарите се премногу корумпирани.

Бидејќи Маричиќ одамна кажа дека ќе започне скринингот за пред преговите на предпреговорите за главните пред преговори за преговорите за влез во ЕУ унијата ги ококори очите и начури ушите за да може да ја следи нашата влада и сите останати политичари во секој чекор.

„Бидејќи вашата земја плаче за ЕУ како дете за шампита пред слаткарница нашиот тим реши да се обиде да ви ја исполни желбата па за таа цел направи длабоки анализи за владиниот тим во Македонија но и за сите други политичари во пакет. Нашите анализи покажаа дека сите политичари во Македонија се високо корумпирани особено овие што сега се на власт и си играат влада, нашиот тим од ЕУ одлучи да ја намали корупцијата во владата па за таа цел на владиниот тим од Македонија ќе им донираме 1 милион тони кашкавал кои ќе можат да си го продадат и да се збогатат па така ќе нема потрена да крадат од народот и на тој начин во Македонија корупцијата ќе се намали за 99% останатите 1 посто нема да можеме да ги искорениме затоа што тоа се ситни трговци кои продаваат шверцувани петарди кога се ближи нова година“ Истакнаа од ЕУ.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw