October 7, 2022

Бислимовски: Сите кои готват во големо тенџере на оваа криза имаат демон и треба да добијат соодветен третман

Во тек се најновите анализи за веќе почнатата економска и енергетска гриза.

Тимот предводен од Бислимовски превзема дополнителни мерки за укаже што се случува со дел од народот кој и покрај препораките упорно готви во големо тенџере и на скапа струја.

Бислимовски: „Јас и мојот тим за штедење по направените длабоки анализи утврдивме дека и покрај нашето инсистирање одредена група на граѓани упорно готви во големи тенџериња на скапа струја но што е уште постраншно користат и лифтови тоа не наведе да дојдеме до заклучок дека овие во себе имаат демон кои ги тера на инает и затоа мора да им се направи исцелување, нека ми прости господинот Маричиќ но и тој е оседнат од демон и води инает кога последен пат го видов во едно огромно тавче што наликуваше на тенџере си поховаше кашкавал му реков немој бе дете да поховаш кашкавал на скапа струја во големо тенџере а тој ми рече ТУФ НЕМА ГРЕШКА ТИ ЌЕ МИ КАЖУВАШ ШТО ДА ПРАВАМ ШТО САКАМ ТОА ЌЕ ПРАВАМ а арно дете си беше Маричиќ ама ете демонските сили и него го натераа на инает“.

Од тимот на Бислимовски објаснија дека ќе спроведат низа на мерки заедно со владата сите оние кои ќе готват во големо тенџере на скапа струја да добијат бесплатна сеанса а закажувањето ќе биде на вибер.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw