October 7, 2022

Спасовски: Поради непромислениот потег на Ковачевски ја испратив полицијата на граница

Денес на северната граница е многу тензично буквално целата македонска полиција е на северната граница.

Последните информации говорат дека полицијата се судрила со поголема група на луѓе кои се обиделе насилно и нелегално да влезат во територијата на нашата држава.

Министерот за внатрешни работи директно го посочи прстот кон Ковачевски како главен виновник за хаосот на северната гранца.

Сите детали од денешните тензии ги имате подолу.

„Како министер за внатрешни работи бев приморан да ја пратам целата македонска полиција на северната граница која во моментов употребува солзавец и гумени куршуми за да запре 50 000 луѓе кои сакаат да влезат насилно во државата виновник за оваа ситуација е Ковачевски затоа што се испофали на телевизија дека пензиите биле рекордно покачени за дури 6,8% Па добро бе Димац се кажува ли таква вест за толку големо покачување сега јас си ја кубам косата од нервоза затоа што морам да ги запарам 50 000 пензионери од Германија,Франција,Шветска, Финска, итн кои сакаат да бидат пензионери во нашата земја.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ ЛИЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw