September 21, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Реакција од владата: Морските плодови ги купивме за да заштедиме 1 милион евра

Вкупно 20.500 евра ќе потроши Владата на свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови. Веста ја пренесоа повеќе медиуми.

Оваа вест предизвика бурни реакции во јавноста па затоа владата реши преку соопштение да ги смири хормоните на народот затоа што народот непотребно се напалил односно изреволтирал.

Соопштение од владата: „Како влада на Република Севрна Чудесна Земја Макаронија ги замолуваме граѓаните да не фрлаат многу чифтиња и да си ги смират хормоните откако направивме длабока анализа и пресметки заклучивме дека доколку купиме морски плодови за 20 000 евра ќе заштедиме 1 000 000 евра! Како ќе заштедиме епа вака како прво Маричиќ не сака ни да погледне морска храна а не пак да ја јаде ете една заштеда и како второ (Фторо според владиниот тим за правописно пишување) што сакате да нарачуваме порции со похован кашкавал, или порции со свинско,јунешко, јагнешко, или телешко месо? Па нивната цена е далеку поголема во однос на морските плодови“. Соопштија од владата.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw