Бектеши: Зголемените цени на млечните производи ќе го намалат бројот на глувци во градовите па ќе ни бидете благодарни

Зголемената цена на млечните производи предизвика големо незадоволство кај народот.

Од владиниот тим за борба против глувци стаорци и друг вид на глодари штетници се сигурни дека зголемената цена на млечните производи ќе го намали бројот на истите во градовите но бидејќи нивната теза не беше баш уверлива требаше Бектеши да ги засука ракавите и да даде дополнителни објаснувања пред новинарите.

Бектеши: „Свесен сум и знам дека новите цени на млечните производи предизвикаа револт кај народот но ние ќе се стрпиме и ќе издржиме затоа што ова е вештачки револт предизвикан од опозициските но пред се од руските струи кои за жал се присутни во земјава но по неколку месеци граѓаните ќе ни бидат благодарни затоа што новите цени на млечните производи ќе го намалат бројот на глувци во градовите затоа што ќе се намали продажбата на истете а во домаќинството кога нема кашкавали и срења нема ни глувци“. Појасни министерот Бектеши.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw