Шокантни вести ни доаѓаат од познат скопски ресторан, каде дописникот на Кооперација го забележал вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како нарачува похован кашкавал за вечера и сметката ја плаќа со својата службена картичка.
За сега не се знае точно колку порции од ова луксузно јадење успеал да стопи господинот гурман, но според познавачите на неговиот потенцијал, големи се шансите наредниот месец пензионерите да не ги добијат своите пензии, а јавната администрација своите плати.
Кооперација се обиде да го контактира персоналот во ресторанот за да дознаеме дали износот на вечерата може да ја загрози ликвидноста на буџетот, но од таму ни одговорија дека на сите свои клиенти им гарантираат целосна дискреција. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА
НОВОСТИ
120 години Македонска воена индустрија наскоро ќе го лансираме црешовото дронче
Откако го фатиле и сликале на полицајците им побарал баклава но тие му кажале дека нудат само еклери и турски кобасици
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога