Пратеник од македонското собрание едвај спасил жива глава а богами за малку ќе бил и ограбен но за среќа го спасиле неговата снаодливост искуство и итрина, детелите од настанот ги имате во продолжение.
Пратеникот: Одам кон Битпазар и таман да влезам во пазарот ме запира еден продавач на часовници.
Другар, земи си еден златен саат, таман за господин како тебе. Евтино ќе ти го дадам, само 50 евра.
Го гледам саатот, жолт, свети, го пробувам, добро ми стои и почнувам да се пазарам со продавачот. После 5-6 минути му спуштам цена на 30 евра, таа е набавна нели, од толку подолу не може да оди, бидејќи е позлатен и е оригинал, па се согласувам. Си фаќаме рака, му давам 50 евра, тој ми го дава саатот и ми враќа 20 евра кусур.
Потоа човекот го снема, како во земја да пропадна. Го гледам убаво саатот, тенекија фалсификат како што претпоставив, исто како и 50-те евра што му ги дадов, но 20-те што ми ги врати беа вистински!
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
120 години Македонска воена индустрија наскоро ќе го лансираме црешовото дронче
Откако го фатиле и сликале на полицајците им побарал баклава но тие му кажале дека нудат само еклери и турски кобасици
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога