Александар Маленко: Стар сум веќе немам сила за малку ќе се удавев кога се обидов да го препливам езерото во Ист Гејт

Александар Маленко е еден од најпознатите пливачи во Македонија. Тој е роден во 1979 година. Бидејќи годините минуваат може слободно да се каже дека Александар Маленко во моментов е познат пензиониран пливач.

Маленко имал и незгода која што можела да биде кобна за неговиот живот.

Деталите од настанот ги имате објаснето лично од Маленко.

Маленко: „Стар сум веќе годините ми натежнаа ја немам истата сила како порано, пред некој ден се шетав низ Скопје кога едно време слушнав пискање и врисоци па влегов во Ист Гејт кога на другата страна од езерото во Ист Гејт видов девојка како се дави и си реков ОПАА ЌЕ ПАДНЕ ЖЕНАЧКА и веднаш скокнав да ја спасам пливај пливај пливај лееее крај нема си викам што езеро ќе беше ова во Ист Гејт па да неможам да го препливам, да ви кажам право немав ни 10% од езерото препливано кога и нозете и рацете ми откажаа од умор се зграпчив некако за една педалинка и си викам стар си веќе Маленко не те бива ништо од пливањето и ништо од новата женачка, а инаку да бидам искрен поголемо езеро од тоа во Ист Гејт во животот не сум видел“. Појаснува Маленко.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw