Путин до Зајкова: Немој моме да се нервираш и коси да кубеш ќе нема кој меракот да ти го удри еве сега одма ќе се повлечеме

Моника Зајкова која што е пратеник во Македонското собрание веќе е во Украина за да даде поддржка на оваа држава во борбата против Руската агресија.

Кога Руските тајни служби разбрале дека Моника Зајкова е во Украина веднаш му кажале на Путин за новонастанатата ситуација.

Додека Путин ги гледал снимките од теренот заклучил дека Моника е многу нервозна поради руската агресија и дека постојано ги грицка ноктите и си ја кубе косата.

Бидејќи понежниот пол му се слабост на Путин тој многу се натажил и на Моника и се обратил со следната порака:

Путин: „Ој Мониче ој ти девојче ој ти моме убаво немој од нервоза нокти да грицкаш и коси да кубеш, ќе ја изгубиш личотијата и потоа на сред село наоро не ќе се најде маж мерак да ти удри и стара мома ќе останеш. Затоа немој да се секираш еве во овој миг издадов наредба војската од Украина да се повлече. Само ќе те замолам на Пендаровски и на Славјанка да им пренесеш да не праќаат повеќе оружје за Украина затоа што за твој атер се повлекуваме“. Напиша во писмото Путин од градот Троја во Северна Макаронија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw