Обраќање на Спасовски: За жал шофер на автобус ни уништи голема полициска акција

Шофер на автобус уништил голема акција на македонската полиција.

Оваа голема акција била припремана подолго време од страна на полицијата и министерот Спасовски.

Во моментов полицијата трага по шоферот на автобус кој ја упропастил долго планираната акција.

Повеќе детали за пропаднатата акција на МВР ќе дознаете лично од министерот Спасовски:

Спасовски: „Акцијата ја планиравме подолго време со тимот на МВР. Кодното име на акцијата беше ТОРТА 2022. Јас лично ја правев тортата цела ноќ. Планот беше со тим од полицајци торта да му однесеме на Груевски во Унгарија и кога ќе му ги потегнев ушите за да му честитам роденден ќе го грабнев силно и ќе го картирав во зандана. Откако ја направив тортата со полицијата се качив во автобус и му викам на шоферот ВОЗИ МИШКО ПРАВЕЦ УНГАРИЈА. Тргна автобусот и едно време стаклата се затемнија, по некое време шоферот ми вика ОЛИ САКАТЕ ЛИ ЖУРКА ДО УНГАРИЈА ДА НЕ ВИ БИДЕ ДОСАДНО?! Се изненадив и одма му реков на шоферот ПА ТО БЕ МАЈСТОРЕ ЦАР СИ додека траеше журката земав и микрофон правев караоке журка со познати хитови како што се ОБИЏУКО, Е КЕКЕСКЕ, ОФТОТО АПРИЛ итн.. по некое време шоферот ни вика готово стигнавме со среќа нека ви е акцијата. Му реков благодарам мајсторе! Но кога се симнавме од автобусот приметив дека не се наоѓам со полицајците во Унгарија туку во затворот во Идризово, тогаш одма ми текна дека уствари шоферот на автобусот е таен агент на Груевски и знаел за акцијата па не зафркна, а што е уште полошо едвај ја убедивме затворската полиција дека сме биле на тајна задача ако не ги убедевме сега сигурно ќе бевме на топол оброк три пати на ден“. Истакна Спасовски

Шоферот агент што ја уништи акцијата на МВР

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛИЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw