Ковачевски: Многу му се извинувам на косовскиот амбасадор затоа што го расплакав

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава.

За време на средбата нашиот премиер предизвикал скандал затоа што косовскиот амбасадор почнал да рони солзи и да си го секне носот во палома марамче.

Нашиот премиер се извини на косовскиот амбасадор за предизвиканиот скандал и ја даде следната изјава:

„ Во мое лично име и во името на Македонскиот народ му се извинувам на косовскиот амбасадор, затоа што несекајќи предизвикав на човекот да му потечат солзи и да си го секне носот. Бидејќи не чекаат мерки на штедење, како премиер сакав да бидам пример за другите па на мене носев чорапи кои не се перени 1 месец, додека разговарав со косовскиот амбасадор ги соблеков чевлите и тогаш човекот почна да се гуши, да кашла, да шмрска со носот, и да му течат солзи. Кога увидов што направив веднаш ги облеков чевлите и човекот се смири“.

Косовскиот амбасадор кажа дека нема потреба од извинување бидејќи е период на енергетска криза и дека треба да се штеди а меѓудругото потенцираше дека Ковачевски постапувал правилно согласно ситуацијата и затоа го охрабрува чорапите што ги носи да не ги пере до 31 Март 2023 година.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw