НАСА го одложи лансирањето на моќната ракета затоа што чекаат гориво од Русија

Лансирањето на ракетата Артемида 1 беше одложено поради недостигот од гориво кое што Русија требало да го испорача на НАСА.

Најпрво требало резервоарите на оваа ракета да се наполнат со специјално руско гориво но бидејќи Путин и неговиот тим се правеле курнази не ја испорачале договорената количина на специјално гориво за НАСА.

Според последните информации ракетата била во топ форма за полетување но тврдоглавиот Путин ги зафркнал па затоа полетувањето е одложено.

Тимот на НАСА истакна дека нема да си дозволат да зависат од Путин и Русија и дека веќе 2 тима работат на пронаоѓање на решение, еден од тимовите на НАСА се обидува да направи летечки метли за идните проекти. А пак вториот тим на НАСА е веќе во Македонија на БИТПАЗАР и се ценка со тезгаџиите да набави одредена количина на гориво по екстра цена.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА ВО ЦЕЛОСТ СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw