Маск: Корените ме влечат кон Македонија како струја за жал владата ме разочара

Еден од најбогатите луѓе на светот кој е сопственик на фабриката за електрични автомобили „Тесла“ од пред некое време е и сопственик на социјалната мрежа „Твитер“

Ова огромно богаташиште и невиден ум според коефициентот на интелигенција денес ја шокираше светската јавност кога изјави дека Корените го влечат кон Македонија но дека е разочаран од владата Во Македонија

Илон Маск: „Човек секогаш треба да си ги знае корените од каде потекнува тоа е аманет оставен од старите, мене корените ме влечат кон Македонија како струја но што да се прави ќе морам да чекам подобри времиња затоа што сегашната влада многу ме разочара! Да да баш Владата во Македонија ме разочара! Замислете корумпираната и љубоморна влада во Македонија ми го затвори еден од моите партнери Бајрам и тоа замислете го затвори на правдина затоа што човекот си копаше биткоин во ГТЦ, ај тоа некако го преболев си реков во ред е се сличува што е тука е, ама вториот пат со Арачиново веќе беше премногу, корумпраната влада во Македонија го стегна обрачот околу Арачиново за само мизерни 10% украдена струја а баш во Арачиново имав многу бизнис партнери кога станува збор за копањето на крипто валути ама љубоморната Македонска влада ми ги затвори и тие бизниси“ Појаснува Илон Маск

Кога го прашавме Илон Маск од кој дел на Македонија се неговите предци тој најпрвин не погледна зачудено а потоа со насмевка ни одговори:

„Значи луѓе кога кажав дека корените кон Македонија ме влечат како струја тогаш мислев за копањето на крипто влути затоа што пуштив корења со тој бизнис во Македонија а не дека имам роднини“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw