February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Макрон: Владата во Скопје веднаш да му се извини на Арачиново поради директна дискриминација

Нашата држава преку својата влада повторно успеа да биде топ тема за разговор во Европаската Унија.

Овој пат во Европската Унија ги разгледуваат околностите и случувањата во селото Арачиново.

Европската Унија со широко отворени очи ја скенира Северна Макаронија особено општината Арачиново, бидејќи германскиот канцелар во моментов се бања со вода од казанчето (мерки за штедење тоа е тоа морал човекот да се снаоѓа) поздравот до владата ќе го испрати лично Макрон.

Макрон: „ Ја поздравувам и охрабрувам владата во Северна Макаронија веднаш да му се извини на Арачиново и кога го велам ова сум мртов сериозен! Предмалку зборував со Бектеши човекот убаво ми кажа дека само 10% од струјата била крадена! Па добро бе луѓе ставрно неможам да разберам па 10% крадена струја е еднакво на статистичка грешка! Затоа ја охрабрувам и поздравувам владата во Северна Макаронија да му се извини на Арачиново! Затоа што се планира примерот од Арачиново да го имплементираат и голем број на европски општини, затоа што е пример како да заштедиш од буџетот кога цените на струјата одат нагоре“ Се вели во поздравот од Макрон до владата на Северна Макаронија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw