February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Џафери: Апасиев и Крмов се невоспитани и треба да добијат добар ќотек

Утре пратениците се враќаат на работа во собранието бидејќи нивните годишни одмори веќе се завршени.

Бидејќи Џафери е поранешно воено лице од редовите на ЈНА а по распадот на Југославија и дел од составот на АРМ онака баш војнички на пратениците им издал наредба утре сите да бидат во собранието.

Џафери во наредбата нагласил пратениците да му донесат уредна документација од местото каде што летувале за време на одморот за да може собранието да им ги плати патните трошоци до излетничките места + хотелеските сместувања.

Пратениците се задоволни од издадената наредба и ќе бидат уште ноќва со шатори пред собранието затоа што до утре постои опасност да заборават што им наредил Џафери.

Спикерот на собранието јасно и гласно потенцираше дека погоре наведениот пакет за патни трошоци и сместување нема да следуваат за пратениците на Левица затоа што летувале во камп приколки, а камп приколките се за сиротиња.

„Пратениците на Левица нарочно имаат летувано во камп приколки за да презентираат лоша слика за пратениците и собранието затоа предлагам на првата собраниска седница на Апасиев и Крмов да им се удри еден добар ќотек па можеби тогаш на овие невоспитани дечишта ќе им дојде паметот“. Истакна Џафери.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw