February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Зеленски: Пендаровски да не си игра со оган и да не биде дволичен зошто ќе се изгори

Вонредна Вест: Имало жестоко припукување помеѓу Зеленски и Пендаровски за малку не паднале клетви и пцости.

Жестоката расправија помоѓу нашиот и Украинскиот претседател се случила додека Пендаровски лежел во вилата во Охрид со гости од Црна Гора.

Деталите од овој тензичен настан помеѓу двајцата претседатели ви го пренесуваме подолу.

Зеленски: „Пендаровски е многу подла опасна и дволична личност. Тој едноставно може нож во грб да ти забие без око да му трепне, сеуште сум шокиран и запрепастен кога видов како тој лично на Путин односно Русија им донираше 4 000 тенкови, нас 31 тенк и тоа крш, а на Русија 4 000 тенкови и тоа модерни, затоа апелирам Пендаровски да не си игра со оган затоа што ќе се изгори.

Тенковите кои што АРМ ги донираше на Русија се од Македонско производство, ознаката на овие тенкови е SMH22 (SMH22 во превод е Славјанка Македонска Хероина 2022 година).

Пендаровски изјави дека Зеленски нема право да се лути затоа што ние сме суверена земја и ќе донираме тенкови на кого сакаме, и дека за возврат за тенковите Русија ќе ни прати доволни количини на природен гас и нафта.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw