February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Бесими соопшти важна вест која се однесува за сите граѓани дури и за оние од дијаспората

Навршија седум месеци од почетокот на војната во Украина. Економските изгледи и понатаму остануваат со висока доза на неизвесност, со надолни ризици поради растечката инфлација, можноста за запирање на испораката на гас од Русија, растот на цената на електричната енергија и затегнувањето на условите за финансирање.

Погоренаведената анализа го мотивираше министерот Бесими да направи кризни планови кои ќе помогнат во надминување на кризата која што е на прагот.

Лукаревска од УЈП во соработка со министерот Бесими ќе воведат два нови даноци, првиот данок ќе биде данок на големо тенџере а вториот данок ќе биде данок на дебел млаз вода.

Лукаревска од УЈП и бесими соопштија дека од први септември инспекторите од УЈП ќе имаат одврзани раце да ви влезат под тушот додека се бањате и да ја проверат дебелината на млазот но исто така да ја проверат и големината на тенџерето во кое готвите. Сите оние кој ќе бидат фатени со дебел млаз на вода или големо тенџере на лице место ќе бидат оданочени со данок на луксуз1 и данок на луксуз 2

До овој момент немаме информации колку ќе изнесуваат овие нови даноци кои ќе треба да бидат активирани за време на енергетската криза.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw