February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Пратениците: Најновиот предлог на Ковачевски е чиста глупост, па тој незнае што прави

Пратениците од Македонското собрание се изјаснија дека најновиот предлог на Ковачевски е чиста глупост и дека ќе го одбијат предлогот со сигурност.

Ковачевски до пратениците поднел предлог пратениците од 1 Септември да живеат во собранието со своите семејства, и во собранието да се бањаат, готват, перат итн целта на овој предлог е да се заштеди на струја и вода за време на кризната состојба.

Во самиот предлог било наведено дека пратениците додека живеат во собранието ќе земаат по 2 плати месечно но нема да им следуваат патните трошоци.

Пратениците на овој предлог од Ковачевски остро се спротиставија и кажаа дека предлогот на премиерот е чиста пропаст кој е предложен од човек без визија за развој напратеничката кариера, затоа што според пратениците овој предлог ги става во финансиска криза затоа што 2 пратенички плати се премалку за да се помине месецот и поради тоа патните трошоци се нужна потреба за да можат пратениците да се прехранат.

Талат Џафери истакна дека пратениците се во право и дека овој предлог од Ковачевски доколку влезе во собранието експресно ќе биде одбиен.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА ВО ЦЕЛОСТ СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw