February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Штотоку пристигна најновата вест за учениците и родителите од министерстото

НА САМО НЕКОЛКУ ДЕНА ОД СТАРТОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ПРИСТИГНА НАЈНОВАТА ВЕСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ

Во интервју за телевизијата “Алсат“, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири истакна дека доколку има енергетска криза училиштата ќе бидат затворени последни.

Изјавата на министерот Шаќири ја имате подолу:

Шаќири: „ Со голема радост како министер соопштувам дека доколку дојде до енергетска криза школите ќе бидат затворени последни. Зошто ќе бидат затворени последни? Затоа што воведуваме нова наставна програма во која учениците ќе учат практично како да еволвираат во пингвини или поларни мечки, за таа цел ќе воведеме нови наставни предмети кои ќе бидат изборни предмети првиот предмет ќе се вика како да еволвирам во пингвин а вториот како да еволвирам во поларна мечка. Ние мораме да бидеме подготвени замислете што ќе се случи ако енергетската криза настане во месец Декември или Јануари зарем мислите дека ќе ги затвориме школите? Ма јок нема шанса затоа решивме уште од сега да ги едуцираме учениците како да еволвираат во пингввини или мечки за време на зимна енергетска криза, за подобро имплементирање на оваа програма уште пред стартот на новата учебна година првата група на ученици веќе е испратена на практична настава на Антартикот.“ Изјави министерот Шаќири.

Го прашавме министерот а нели е и Сибир добра опција а тој со ококорени очи ни рече аииии многу добра идеја немпримерните ученици ќе ги праќам на Сибир па со нив диктаторот Путин нека си ја чука главата.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw