Павле Трајанов: На следните избори мојата партија ќе има повеќе пратеници од СДСМ

Бидејќи сме повеќе партиско демоктатско опшество повторно не очекуваат парламентарни избори, дали ќе бидат предвремени или редовни тоа и не е толку важно битно избори ќе има.

Кога се во прашање парламентарни избори моменталната ситуација за СДСМ е неповолна затоа што има многу мал рејтинг, но доколку на една партија рејтингот паѓа на друга партија би требало рејтингот да расте.

Најновата вест која што сите не шокираше е фактот дека вртоглаво се зголемува рејтингот на партијата на Павле Трајанов.

Партијата на Павле Трајанов која се вика хммм а како се викаше бе неговата партија? Ај заеби, партијата на Павле како и да се вика има се поголем рејтинг и на наредните избори ќе има поголем број на пратеници од СДСМ.

Павле: „На наредните избори мојата партија ќе има поголем број на пратеници од СДСМ за тоа веќе имам и цврсти докази баш вчера го собрав членството да направиме пробен митинг и кога видов дека на тој пробен митинг веќе не не собира во мојата дневна соба штом мојата дневна соба е претесна за пробен митинг тогаш за вистински не треба да има никаква дилема, и плус што е уште поохрабрувачки еден од домашните почна да верува во тоа што го зборувам и ми рече еј абе Павле знаеш дека си во право! Се гледаме на наредните избори а СДСМ нека му ја мислат!“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw