СДСМ: Наш висок функционер е каснат од змија затоа ВМРО ДПМНЕ да понесе одговорност

Најновата вест која што дојде до нас е дека висок функционер на СДСМ е каснат од змија во една Скопска општина.

Од СДСМ истакнаа дека нивниот функционер откако бил каснат ја земал кутрата змија со себе и ја однел на ветеринар но тимот од ветеринари неможел многу да стори затоа што отровот кој влегол од функционерот во змијата бил многу силен и ја усмртил на самото место.

Од ветеринарната станица го потрдија случајот и кажаа дека змијата кај нив била донесена во многу тешка состојба со голема количина на политички отров и било невозможно змијата да биде реанимирана.

Покрај СДСМ од ВМРО ДПМНЕ одговорност бараат и повеќе здруженија за заштита на животни. Тие веќе имаат одредени информации дека веќе починатата змија високиот функционер на СДСМ го каснала во скопската општина Аеродром и директно го обвинија градоначлникот Муцунски дека намерно пренесуваа змии во близина на функционери од СДСМ за истите да бидат усмртени откако ќе примат политички отров од владеачката гарнитура.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw