Ковачевски: Ќе ги укинам патните трошоци на пратениците доколку ме се прават фраери

Пратениците кои ги претставуваат граѓаните треба да бидат на висина на задачата и сите 120 да поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно зачленување во ЕУ.

Доколку пратениците се осмелат да дадат отпор во отварањето на уставот ќе се соочат со големи санкции.

„Сите пратеници кои ќе се осмелат да дадат жесток отпор за отварањето на уставот ќе бидат прогласени за диктаторски сојузници на режим во најава и ќе останат без патни трошоци затоа нека размислат дали ќе изиграваат патриоти или пак ќе си земат награда дупли патни трошоци“

Нашите свиркачи не известија дека Ковачевски има план Б и дека Крсто Мукоски во моментов ја испитува црврстината на вратата со која е затворен уставот и проучува истата како да ја отвори.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw