Спасовски: За Мијалков ќе следуваат дополнителни дисциплински мерки

Мијалков веќе започна да ја отслужува неколку годишната казна затвор во затворот во Струга.

Спасовки лично се ангажирал да ја следи состојбата во струшкиот затвор откако таму е Мијалков.

Првичните извештаи за понашањето на Мијалков во струшкиот затвор укажуваат дека е потребно да има дополнителни дисциплински мерки за да се доведе состојбата во ред.

Спасовски: „Како министер за внатрешни работи јас лично ја следам состојбата на господинот Мијалков. Да бидам искрен состојбата поврзана со него многу ме загрижува затоа што Мијалков е многу дрзок и хиперактивен како личност. Кога отидов во струшкиот затвор кога ме виде одма дрско ми рече ОЛИВЕР ПА ТИ НЕ СИ ЗА ТУКА ТИ СИ ВЕДНАШ ЗА ВО ИДРИЗОВО ЗА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР! Откако ми го рече ова го прашав од каде му се толку многу пари а тој дрско и арогантно ми одговори АБЕ КОМАРЕЦ НИЗАЕДЕН АКО ТИ ЈА ЗАЛЕПАМ ЕДНА ЌЕ ВИДИШ ОД КАДЕ МИ СЕ ПАРИТЕ! Неговите одговори укажуваат дека има силна хиперактивност и затоа наредив да се воведат дополнителни дисциплински мерки а доколку и дисциплинските мерки не помогнат тогаш ќе наредам да го избркаат од затворот поради лошо однесување па нека шета надвор на слобода и нека прави што сака мислам немам нерви повеќе полудев од него“. Истакна министерот Спасовски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА ВО ЦЕЛОСТ СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw