Славјанка: Црквата ни ја признаа затоа што дониравме тенкови и авиони а како членка на НАТО и Сибир ќе го земеме

На 25 август 2022 година, за време на состанокот на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, се вели во соопштението.

Нашиот државен врв охрабрен од овие чекори превзема дополнителни мерки и стратегии за понатамошните походи и градење на позиции.

Сите детали подолу ќе ви ги објасни министерката за одбрана:

Славјанка: „Тоа е тоа па токму тоа е тоа донираните авиони и тенкови за Украина си ја завршија работата, кога видоа Русите дека донираме помош на Украина веднаш се исплашија од нашата воена моќ и решија да ни ја признаат црквата! И после ова да не слушнам муабети дека Славјанка лаже или дека Славјанка прави погрешни потези, сега како што сум целата возбудена ќе ви ги кажам следните чекори, наредната донација за Украина ќе се состои од 158 000 тенкови, 284 000 оклопни транспортери, и 17 000 бомбардери и ловци кои летаат 3 пати побрзо од брзината на светлината кога Русија ќе ја види оваа донација веднаш без рамислување ќе ми се јави и ќе рече сибир ви го поклонуваме ние сме озбилна држава и сериозен државен врв“. Изјави возбудената Славјанка

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw