МВР: Точно е дека Маричиќ повредил девојка во Скопје ја замолуваме девојката да му прогледа низ прсти овој пат а Маричиќ делото нема да го повтори и ќе внимава

Денес во гратската болница во Скопје е донесена девојка на која и биле откинати прстите како последица од гризање со заби.

Девојката која во моментов се наоѓа во болница е надвор од животна опасност и нејзиното заздравување оди добро.

Портпаролот на МВР истакна дека немилиот настан се случил кога девојката што си купила тост сосема случајно налетала на Маричиќ, па бидејќи министерот не бил доручкуван и рекол леле маче ама тост имаш дај една апка, девојката од култура се согласила и го понудила но во истиот момент Маричиќ изгубил контрола па го проголтал целиот тост заедно со прстите на девојката. Од МВР ја замолуваат девојката да му прогледа низ прсти овој пат на министерот затоа што тој длабоко се кае и дава ветување дека ова нема да се повтори.

Повредената девојка што е во болница изјави дека неможе да го исполни барањето на МВР и на Маричиќ да му прогледа низ прсти затоа што повеќе нема прсти за да прогледа низ нив.

Маричиќ за медиумите кажа дека навистина жали за настанот и дека друг пат ќе се контролира повеќе иако на почетокот не бил свесен дека ги проголтал прстите на девојката и помислил дека во тостот има и пилешки прсти.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛИЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw