Бектеши ги смирува граѓаните: Струјата нема да поскапи за тие што не плаќаат сметки

Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој денес со својата брза реакција експресно ја врати струјата во Арачиново и ги смири протестите на жителите на ова скопско село, вети дека, и покрај глобалните предвидувања за раст на цената на струјата, таа ќе остане иста за граѓаните што не плаќаат сметки.

Ни претстои исклучително тешка зима и поради тоа не можам да гарантирам дека струјата нема да поскапи, но сигурен сум дека тоа поскапување нема да го оптовари буџетот на граѓаните кои последен пат платиле сметка во 1989 година. За тие што редовно ги подмируваат долговите веќе знаеме дека имаат пари, па сигурно нема да им биде проблем да платат некој денар плус. – рече министерот Бектеши.

Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw