Спасовски: Законот ќе важи еднакво за сите во Арачиново уапсивме тројца научници кои без одобрение проучувале трансформатори

Денес големи полициски сили го опколиле Арачиново за да го спроведат редот, мирот и законот.

По опколувањето на Арачиново полицијата започнала постепено да го стега обрачот за се со цел да ги напика научниците во глувчова дупка. Отако научниците биле приклештени од одголен кабел под напон биле уапсени и спроведени во полициска станица.

Деталите од оваа голема полициска акција ќе ви ги објасни министерот во продолжение:

Спасовски „Цццц абе неможам да се изначудам што ден ќе беше ова денес, значи толку малер ден јас во живот не сум имал, само што го решивме проблемот со електрична енергија во Арачиново и мислев се ќе биде во ред одма ЅРРРРРРН телефонот и си викам сега пак што е кревам телефон и викам на заебанција повели банкару Лила е овде а од другата страна Ољо не се заебавај праќај заптиите во Арачиново има ѓурултии, веднаш дадов гоманда на еден од командирите да збира заптии и гит Арачиново, во општината акцијата беше спроведена професионално на лице место се пронајдени тројца научници кои без дозвола отвориле 3 трансформатори и ги проучувале без соодветна дозвола, дивите научници ги уапсивме и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, законот има да важи за сите нема трте мрте“. Изјави Спасовски.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw