Ердоган: Русите ќе се повлечат од Украина до крајот на годината а Македонските генерали завршија голема работа во овој процес

Крим треба да и биде вратен на Украина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во видеопораката испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“.

Ние не ја признаваме анексија од Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е исто така услов на меѓународното право. Заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет.

Кога сите мислевме дека Крим засекогаш е загубен и дека диктаторот Путин повторно ќе владее со Европа, тогаш се појави бестрашната Славјанка со нејзините генерали која ги напика Русите во ќош.

“Македонските генерали кои се покажаа како вистински арслани кога е во прашање демократијата, тие донесоа правилна и вистинска одлука дека на Украина треба да и се дадат тенкови авиони и хеликоптери . А колку што ми е мене познато во моментов македонските генерали се спремаат да пратат и голема количина на црешови топчиња, а црешовите топчиња не се заебанција дедоми на времето ми кажуваше, леле леле внучко Ердогане кога се тепавме со Македонците на времето кога имаа република Султанот Амид трети косата си ја искуба од страв затоа што Македонците кога извадија еден топ кога ќе пукнеше од што беше силен во исто време убаваше 10 комити и 10 турци страв и трепет беше до ден денес никој нема направено таков топ 20 души наеднаш да ги ачкалдиса, затоа сум сигурен дека до крајот на годинава Русија ќе се повлече од Украина и Крим повторно ќе биде Украински“ Изјави Ердоган.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw