Спасовски: 50 полицајци ќе бидат наградени со по 10 000 евра за нивната чесност и истрајнот во борбата против криминалот

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија добил писмо кое било потпишано од 50 полициски службеници.

Овие 50 полициски службеници преку писмото го замолуваат Спасовски да ги премести на други работни задачи затоа што 4 години на сегашната локација е премногу долг период а состојбата на теренот прави нервоза.

Деталите од писмото испратено до Спасовски го имате подолу во целост:

Писмото: „ 50 полициски службеници преку писмо упатуваме молба до нашиот министер Оливер да не дислоцира на нови работни задачи затоа што веќе состојбата е неподнослива, 4 години да стоиме пред станот на Груевски и да го чекаме да излезе за да го спроведеме во затвор, е залудно губење на време, затоа почнавме да се сомневаме дека Груевски не е во станот, туку дека се наоѓа на друга локација која треба да биде откриена од МВР, ние не сме министри туку полициски службеници но штом 4 години чекавме пред станот на Груевски а него го нема да излезе од истиот тоа е знак дека е крајно време да бидеме преместени на други задачи односно да го бараме и чекаме Груевски на други локации“. Истакнуваат 50 полициски службеници во писмената молба пратена до Спасовски

Министерот Спасовски кажа дека овие 50 полициски службеници се во право и дека за нивната лојалност и чесност ќе бидат наградени со по 10 000 евра, но меѓутоа покрај паричната награда ќе добијат и 12 месечен платен одмор и плус 12 шлепери фискални сметки па додека се на одмор нека скенираат да им биде интересно.

Кога го прашавме министерот зошто полициските службеници 4 години биле пред станот на Груевски кога сите знаат дека Груевски е во Унгарија министерот ни го даде следниот одговор:

Спасовски:„ Да прашањето ви е на место, сите знаеме дека Груевски е во Унгарија а што се однесува до полицајците тие 4 години го чекаа пред станот поради моја грешка, мислам првично им дадов наредба да не мрднат од пред станот додека не излезе Груевски, но потоа се ангажирав со други обврски и целосно ги заборавив а бидејќи тие се чесни луѓе иако заборавени сепак ја испочитуваа мојата прва наредба, па затоа сега ќе бидат наградени“ Стои во одговорот на Спасовски.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА ОВА ГО НЕМА ВО РЕАЛНОСТА

EfIhjEhiVZjACvmw