Зеленски: Голема благодарност до Македонската влада тие ја спасија нашата економија

Не за џабе сите викаат доколку си тажен или си со некаков проблем појди во Македонија и дружи се со Македонците тие се топол народ и ќе ти пружат рака ќе ти помогнат од срце и ќе го решат твојот проблем каков и да е.

Се што е погоре наведено за нас македонците е точно а за точноста може да потврди и самиот Зеленски.

Како Македонија ја спаси економијата на Украина и Зошто Зеленски упатува искрејна благодарност до македонските власти имате подолу во продолжение:

Зеленски: „ Упатувам голема благодарност до владата во братска Македонија затоа што покрај тоа што ни донираа оружје тие ја спасија и украинската економија! Диќ ми се смеат абе што се смеете бе сериозен сум ако сум стендап комичар, зничи повторувам македонската влада кога ни ја прати воената помош веднаш во истиот момент ја спаси нашата економија многу отпади за старо железо повторно проработеа, покрај отпадите повторно проработеа и фабриките за преработка и топење на одпадно железо и челик повторно многу луѓе се вратија на работа во овој економски сектор и земаат плата благодарение на македонската влада. Диќ види ги пак се газат од смеење абе новинариШча низаедни абе мртов сериозен сум не ви правам претстава во театар комедија! Лееее уште толку ми се смеат е добро ај смејте се нема веза али само едно да знаете сериозен сум не се заебавам а што се однесува до Македонската влада нека ни праќа уште оружје во овие тешки денови треба и ние леб да јадеме!“. Истакнува Зеленски во својата благодарница до владата на Македонија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw