Љубчо: Ковачевски, Мицкоски, Спасовски, и Груевски ми спремаат атентат за се се договорени

Најновите информации кои што ги имаме од теренот укажуваат дека требало да се изврши атентат на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Според Георгиевски оваа операција е смислена и договорена од двете најголеми партии во Македонија односно ВМРО ДПМНЕ и СДСМ односно дека планот е смислен од страна на Ковачевски, Мицкоски, Груевски и Спасовски. Георгиевски истакна дека нема да го заплашат затоа што тој е свесен дека двете партии се плашат од него поради неговата популарност.

Бидејќи Љубчо не се плаши од ништо тој реши јавно да ја обелодени вистината за оваа операција која е насочена против него.

Георгиевски: „ ЕДЕНОСТАВНО НЕЛИ видете вака да кажеме дека јас сум сигурен дека најголемите партии во нашата држава се договорени да ме ликвидираат, Еј абе дечки дај не се смејте додека давам интервју значи сериозен сум ДПМНЕ и СДСМ навистина сакаат да ме ликвидираат и тоа не е смешно. Епа вака беше овие денови бев многу активен низ Скопје поради мојата популарност и додека си ги исполнував зацртаните обврски нарочно ме прегрнуваа луѓе кое се имаа документи дека се тестирале за ковид и мајмунски сипаници, луѓето кои се вратиле од тестирање за ковид и мајмунски сипаници ги познавам тие се членови на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои по договор работат здружено за моја ликвидација, кога сватив што ми се спрема решив случајот да го пријавам директно кај министерот Спасовски, му ѕвонев и му кажав за што се сомневам и ми рече: ШТО ЗБОРУВАШ БРЕ ЧОВЕЧЕ ЦЦЦЦ АИИИ ВИДИ ГИ ТИ АЈВАНИ БРЗО КАЈ МЕНЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ТЕ ЧЕКАМ! Стасав кај Спасовски ми отвори врата само што влегов се лизнав на лушпа од банана! Кога паднав Спасовски ми рече ПОЛЕКА БЕ МИСИР ЕДЕН (НЕ) ДАЈ БОЖЕ МОЖЕ ДА ЗАГИНЕШ ПОТОА ЌЕ РЕЧАТ ДЕКА СИ УМРЕЛ ВО МОЈОТ КАБИНЕТ. По лизнувањето на лушпата од банана и зборовите на Спасовски сватив дека и Спасовски учествува во процесот на моја ликвидација, откако сватив дека и Спасовски е дел од оваа хајка портив мене заминав во влада да се пожалам на Ковачевски, секретарката на Ковачевски ми вика: А кој сте вие што барате средба со Премиерот Ковачевски и и викам како бре момиче кој сум јас па јас сум поранешен премиер на оваа држава! А момочката дрско ми вика ти си бил премиер? Е кога било тоа? Мислам која година? Мислев мислев која година бев премиер ама неможев да се сетам и дадов одговор незнам! Потоа секретарката ми рече видете господине Љубчо неможам да ви закажам средба со Премиерот Ковачевски затоа што тој во моментов и во фризерница и се фарба навистина ми е жал! кога видов дека и Ковачевски ми удри корпа ѕвонев и кај Мицкоски и кај Груевски но и оддтаму лапнав корпа, сето тоа укажува дека им пречи мојата популарност и дека по секоја цена сакаат да ме ликвидираат“ Посочува Георгиевски.

Моментално поранешниот премиер е сместен на сигурно односно се наоѓа во една подрумска просторија во Брајчино каде што треба да одржи голем митинг пред сите двајца жители на селото.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw