Пендаровски: Состојбата во Охрид е неподнослива цела ноќ не сум заспал за да го решам проблемот за доброто на граѓаните на Охрид

Претседателот Пендаровски направил безбедносна проценка во нашиот туристички центар Охрид.

Безбедносната проценка која што била направена од нашиот претседател укажува дека безбедносната ситуација во Охрид била крајно неподнослива и дека цела ноќ дежурал како буФ барајќи решение за проблемот.

Пендаровски додека претстојувал во вилата „Билјана“ во Охрид неможел да заспие затоа што во близина имало многу свирежи и гласна музика.

Од страна на претседателот била издадена наредба веднаш да се реши проблемот но проблемот сепак не бил решен односно Пендаровски решил да направи отсапки во има на добрососетските односи по краткиот телефонски разговор со Вучиќ.

Телефонскиот разговор Помеѓу Пендаровски и Вучиќ ви го пренесуваме подолу.

Вучиќ: Ало Стево што правиш како си?

Пендаровски: Добар сум еве во Охрид од некаде ми доаѓаат гласна музика и свирежи па неможам да заспијам цела ноќ како буФ дежурам за да го решам проблемот.

Вучиќ: Музика каква музика? Па нема музика и тоа не е никаков провлем човече оди легни си!

Пендаровски: Абе како нема музика има и сега ја слушам ти велам како буФ дежурам неможам да запијам!

Вучиќ: Абе види вака зимава доаѓа да не ви треба нешто зејтин, пченица, природен гас, вакцини?…

Пендаровски: Аууу па да бе во право си колега нема музика најверојатно уште ми ѕвонат ушите од галичката свадба еве сега одма легнувам и мирно како бебенце ќе спијам!

Вучиќ: Па тоа ти викам цело време преморен си дрмни 5 ракии и музиката одма ќе исчезне ќе спиеш цврсто топ нема да те разбуди! Ајде добра ноќ.

Пендаровски: Добра ноќ и тебе и се е во ред нема музика и свирежи нешто ми се присторило!

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw