Бесими: Мораме брзо да се задолжиме за дополнителни 3 милијарди долари за да можеме да ги сервисираме трошоците

Бомбастична вест нашето владеачко раководство експресно ќе ја задолжува државата за нови три милијарди долари.

Ова ново брзо задолжување од 3 милијарди долари било потребно за државата да може да ги сервисира своите обврски.

Министерот Бесими кажа дека парите ќе бидат трошени рационално и разумно за да се покрие огромниот долг кој го има државата.

Деталниот план на Бесими кои владата го одобри го имате подолу во целост.

Бесими: „ Бидејќи ние сме странспарентни пред народот како министер ја информирам јавноста дека експресно се задолжуваме за 3 милијарди долари со позајмицата ќе раководиме чесно и разумно, една третина од парите ќе се потрошат за да се плати сметката на Маричиќ за се што јадел во странство. Една третина ќе потрошиме за третирање на комарци а обуката на комарците ќе биде истите да бидат истренирани дека човек не се каса бидејќи човекот раководи со планетата, и последната третина ние од владата ќе си ја поделиме помеѓу себе затоа што и ние политичарите кои се жртвуваме за народот мораме од нешто да живееме“ Посочи Бесими.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw