Шолц: Македонија нека не се надева на ЕУ затоа што Ковачевски е недомаќин и претера

Просечната нето-плата континуирано расте. Во јуни 2022 просечната плата изнесува 31.869 денари што е зголемување од 10,9% или 3.125 денари во однос на минатата година, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Погоре наведената пофалба на нашиот премиер ја крена ЕУ нанозе и решија да воведат воспитни мерки кон Ковачевски и Македонија.

Со воспитните мерки упатени кон Ковачевски и Македонија ќе раководи најсилната економија на ЕУ односно Германија.

Бесниот германски канцелар се обрати до Македонскиот премиер со следниве зборови:

Шолц до Ковачевски: „Човеку дали си нормален па дали си нормален непрокопсан еден недомаќин ни заеден, како се осмелуваш платите во Македонија да ги покачиш за 10,9% односно нешто повеќе од 50 евра! Ковачевски дали си ти свесен дека поради твојата наредба да се покачат платите во Македонија ЕУ а пред се Германија ќе останат без работници и сите ќе сакаат да работат во Македонија поради високите плати, затоа штом се осмелуваш на сопствена режија да ги покачиш платите и да не оставиш без работници ние ќе ставиме вечно вето за Македонија“. Истакнува лутиот германски канцелар во писмото до Ковачевски.

Ковачевски кратко изјави дека немаме потреба од ЕУ и дека никогаш не сме имале потреба од ЕУ туку дека баш напротив ЕУ 30 години не моли да влеземе во нивната унија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw