Жена вчера се обидела да се самоубие со скокање во реката Вардар на стариот мост во Велес. Ја спасил градоначалникот, Марко Колев. За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.
ЈА ФАТИЛ ВО ДЕЛ ОД СЕКУНДА ВО ОБИД ДА СКОКНЕ ВО ВАРДАР
Градоначалникот на Велес спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка
Жена вчера се обидела да се самоубие со скокање во реката Вардар на стариот мост во Велес. Ја спасил градоначалникот, Марко Колев. За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.
„Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фрекфенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, но ете, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам. Ја прашав: „Мајче, каков проблем имаш“, а таа не ми одговори многу. Рече само дека не сака да живее“, вели Колев.
Ја држел жената во прегратка и повикал случаен минувач, кого го замолил да се јави во полицијата, бидејќи, како што вели Колев, поради рефлексно брзата реакција да излезе и да ја спаси жената, тој во автомобилот го оставил и мобилниот телефон. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор мкдмк
НОВОСТИ
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Драма вечерва над Македонија- авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета!
Јонуз: Македонија само уште на хартија не е федерализирана, но Албанците не смеат ни уста да отворат, а камо ли официјално да ја федерализираат без ‘‘амин‘‘ на Американците