Спасовски: Моите информации од полиција говорат дека Груевски повеќе не е во Унгарија

Поголеми се шансите Македонија да влезе утре во ЕУ отколку Груевски да падне во рацете на министерот Спасовски и полицијата.

Очигледно е дека заминувањето на Груевски во Унгарија ги наапа сегашните органи на власта затоа што со неговото заминување се осеќаат изиграни и исмеани во лицето на народот.

Но и покрај тоа што Груевски моментално не е во Македонија нашиот министер О.С и неговата тајна полиција не запираат со обидите да му влезат во трага на Груевски.

Најновите информации кои што ги имал нашиот министер О.С укажувале дека Груевски не само што повеќе не е во Унгарија туку дека тој воопшто и не заминал за Унгарија.

Според Министерот Спасовски, Груевски цело време бил чуван од сега веќе суспендираната обвинителка Вилма. Р која сите овие години го чувала во нејзиниот подрум.

Ингормациите од МВР говорат дека Груевски и сега е во подрумот на Русковска и заедно двајцата си тераат бизниси односно го подготвуваат казанот за да печат Ракија.

Од кабинетот на министерот за внатрешни работи соопштија дека се ќе се спроведува според законите, најпрво полицијјата ќе чека Груевски да го напушти подрумот на Вилма, потоа ќе почека Груевски да замине за Унгарија, па откако ќе биде Груевски во Унгарија МВР ќе побара негово враќање во Македонија по службена линија.

СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw