Маричиќ во емисијата Само Кртина: Ова што го прави Ковачевски е вистинска лудост јас поддржувам да се штеди за време на криза но Ковачевски претера

Денес во емисијата Само Кртина гостуваше господинот Маричиќ кој е дел од владеачката гарнитура.

Но и покрај тоа што е дел од владеачката гарнитура сепак тој кажа дека во оваа емисија ќе јаде без влакна на јазикот за да каже дека не се согласува со некои од одлуките на премиерот Ковачевски.

Маричиќ во емисијата „Само Кртина“ навистина јадеше без влакна на јазикот и отворено изеде дека Ковачевски претерал со мерките за заштеда на електрична енергија особено Маричиќ го јадеше оооо пардон осудуваше предлогот да се готви во мало тенџере, затоа што во мало тенџере немоѓе да собере голема количина на манџа која за него лично е уживање.

По двочасовно јадење без влакна на јазикот Маричиќ ја напушти емисијата со образложение дека му се јаде.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw