Ете, бидна и прославата на рамковниот договор. Се наредија командант до командант, се дигнаа до небо ликовите кои сметаат дека без нив не би постоело сонцето, и толку. Максимален паралелизам во општеството спакувано во национал-романтистички целофан, a во кој субстрактот е маса која не знае да организира здрава социјална држава. Битно, се вејат бајраци на сите страни. Во меѓувреме лебот е најскап на балканот. Албанците слават како да станале Швајцарци, а на секој втор у публика му фалат пари да купи цигари. Амбиентот е ‘‘ еве, ние победивме‘‘, пишува Агим Јонуз во неговата колумна за коха.мк со наслов „Македонија е веќе федерализирана“.
Во продолжение на колумната Јонуз вели:
Да расчистиме нешто, не може оваа држава да биде држава се додека има триумфализам на албанците над македонците и обратно. Држава е ова или утакмица. Било, и ке остане само едно општествено акционерско друштво. Жалам, ама не можам да го сменам мислењето. Се обидувам, не иде. Тоа што на високо политичко ниво се декларира монолитност, конструктивно единство кое е апсолутно декларативно и за медиуми, тоа е само за да опстанат политичките газови на сцената. Така диригира оној на калето, каде што некогаш на тоа место за Ѓурѓовден циганите вртеа јагниња и правеа фешти. Во спротивно, тие истите ( политичарите) би требало наместо политичари да работат како разнесувачи на пица. После се што покажаа како политичка зрелост, евентуално може да работат како водоинсталатери. А, за правење ‘‘филмови‘‘ – да! Не може никој да направи филмови како нашите политичари. Но, во филмовите играат ‘‘глумци‘‘ а не политичари. Ако земеме во предвид дека во филмовите ликовите се лажни, тогаш многу е едноставен закључокот дека, се е една голема – лага! Самата држава стана една голема лага. Вистината ке остане како истражувачки материјал за следните генерации кои ке сакаат да докторираат на тема ‘‘ си била еднаш една Македонија‘‘.
Одсекогаш сум преферирал да се бавам со суштината, а не со формата. Можеби затоа и никој не ме сака како аналитичар и учесник во дебати, затоа што сум сакал да зборувам за вистината и она што е реално, а не за формата. Формата и обликот на Македонија ја чува НАТО! Они рекоа, ‘‘ не се плашите, границите сега ние ви ги гарантираме, играјте си држава внатре додека ние не одлучиме да ви ги прекроиме границите, а тоа нема да биде скоро. Имате време да пишувате историја на современа Македонија, ама ние ке ви диктираме што да ставите во тефтерот. Она што е битно, ќе имате ‘‘каква-таква‘‘ историја за да не јадете бурек, а што се однесува до Бугарите, не се секирајте и на нив ке им кастриме уши кога ке биде потребно. И така, Додека формата ни ја чува НАТО ние внатре во државата си ја дигестираме суштината која е како фрагмент од филмот ма Monthy Pyton “The meaning of Life”! Овој пат нема да зборуваме за социо-патолошката и економска провалија затоа што таа нема дно, па затоа ке се осврнеме на нешто што ни е пред нос а никој не сака да го признае. Сите се плашат како од ‘‘Баба Рога‘‘ од некаква федерализација на Македонија. Тоа е до некаде дури и смешно. Па, таа е веќе федерализирана! Што треба, само ‘‘потпис‘‘!? Ајде, народе, биди искрен и немој да признаеш дека Македонија веќе живее во свет на паралелни амбиенти, есапи, конструкции и политики! Дали јас овде тресам ‘‘зелени‘‘! Не!,.. Нее! Ајде, да бидеме реални, аналитични и искрени! Ајде!
Со денецтрализацијата на власта на локално ниво уште на самиот почеток Западна ( а Северна) Македонија целата власт ја распредели по систем на врзани крвни садови. Насекаде албанци. Многу наивно е ако некој рече ‘‘ па што‘‘!,.. држава е ова. Е, па се покажа што држава е, барем до актуелниов историски момент. Нејсе, Таа локална власт организира маса која каква и да е, кога е во прашање ‘‘албанштината‘‘ е десет пати по силна во своето ‘‘јас,.. ние‘‘.. отколку на сите македонци со се дијаспората заедно. Значи, многу наивно е ако некој смета дека може сегментирано да влијае на албанските општини во Западна Македонија без да рефлектира на останатите кои, ако се земе географски зацртано, се една целина која уште утре може да си нацрта карта на ‘‘Западна Македонија‘‘. Некој ја нарекува ‘‘ Илирида‘‘. Наречете ја како сакате, ама западниот дел од Македонија е и амбиентално, и економски и културолошки и како сакаш натречи го заедница сама за себе. Дали треба да се потсетиме дека дури и во сферата на економијата, постои сегмент кој се вика ‘‘Стопанска Комора на Североисточна Македонија’’. Има своја индустриска зона во која нели сега ке се произведуваат автомобили на струја, има свои институции, болници, универзитети, фабрики, туризам. Има развојни планови во кои меѓу останатото се и клучните сообраќајници кон излезот на море, коридори од клучен карактер на Западен Балкан. Граничи со две држави во кои демографијата не е од различен карактер, туку од карактер на заеднички јазик и култура. Семејно и крвно испреплетени. И!? Што да се констатира!? Ајде да одиме понатаму. Од локална власт на ниво на држава албанците не само што се фактор, туку се дури и во клучните структури на естаблишментот. Тотална контрола на системот. Ако некаде немаш Министер, заменик имаш обавезно Албанец. Системот е двојазичен, официјален и зависен од ставот на албанците до ниво на политичка сцена во која фигуративно речено ‘‘ се зависи од тоа на која нога се дигнале албанците сабајле‘‘! Лажам!? Измислувам!? Не! Демантирајте ме, баш би сакал! Целата колумна прочитајте ја ТУКА Извор: инфомак.смк
НОВОСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Драма вечерва над Македонија- авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета!
Градоначалникот на Велес спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка
НЕВРЕМЕТО ИМ ЈА УНИШТИЛО КУЌАТА: Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош