Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош по невремето од силен ветер и поројни дождови, што синоќа го зафати Неготино.
– Кровот ни прокиснуваше и претходно но по невремето ситуацијата станува полоша и имаме штети од поплавата во и онака скромниот дом. Оштетен ни е и мебелот во домаќинството. Нашата сиромаштија стана уште поголема по невремето. Страв ни е да спиеме во куќата, плашејќи се дел од кровот или целиот кров да не се урне, рече за МИА, мајката Мара Петрова, пензионерка.
Сите што сакаат да помогнат на мајката и ќерката, можат да се јават на телефонскиот број 077 635 242.
Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов истакна дека во текот на денешниот ден, ќе се формира општинска комисија за проценка на штети и комисијата ќе направи увид на лице место, со цел евидентирање на сите што претрпеле штети од елементарната непогода. Извор: Инфомакс.мк
НОВОСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Драма вечерва над Македонија- авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета!
Градоначалникот на Велес спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка
Јонуз: Македонија само уште на хартија не е федерализирана, но Албанците не смеат ни уста да отворат, а камо ли официјално да ја федерализираат без ‘‘амин‘‘ на Американците