На 12.08.2022 во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол, информира МВР.
Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
-Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата. Извор: инфомакс.мк
НОВОСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Драма вечерва над Македонија- авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета!
Градоначалникот на Велес спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка
Јонуз: Македонија само уште на хартија не е федерализирана, но Албанците не смеат ни уста да отворат, а камо ли официјално да ја федерализираат без ‘‘амин‘‘ на Американците