Германски експерти: ЕУ на колена ќе ја моли Македонија да биде нејзина членка за многу кратко време

Германските експерти будно ја следат ситуацијата во нашата држава и се сигурни дека за една година Македонија ќе биде целосно променета и никој нема да може да ја препознае.

Целосниот извештај на германските експерти го имате во продолжение подолу.

„Како врвни експерти од Германја кои сме специјализирани за собирање на даноци, будно ја следиме состојбата во Македонија и дојдовме до заклучок дека за една година Македонија ќе биде целосно променета и нема да можеме да ја препознаеме! За една година Македонија ќе има повеќе финансии од целиот западен блок заедно а големиот број на финансиски приливи ќе создаде економски бум во оваа малечка балканска држава, големиот прилив на пари ќе дојде бидејќи сегашниот министер за финансии реши да воведе данок на мито и корупција. Како германски експерти во својата област сме 1 милион проценти сигурни дека преку даноците за мито и корупција во македонската каса на месечно ниво би се влевале повеќе од 50 милијарди долари а оваа сума е голема за секоја една држава, но благодарение на Македонскиот менталитет каде што се функционира преку мито и корупција погоре наведените даночни приходи може да бидат и поголеми затоа што секој еден што ќе треба да плати данок на мито ќе проба да ги подмити службениците а со оваа постапка значи ќе треба да плати двапати данок на мито, ова е одлична реформа на Министерот Фатмир Бесими кои ќе ја претвори малата Македонија во супер економска и воена сила, а со самото тоа ЕУ ќе ја моли Македонија да биде нејзина членка без никакви преговори договори и уцени“. Истакнуваат Германските експерти.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw