October 7, 2022

Славјанка: Армијата не е толку слаба тоа дека сме на 135 место е пропаганда на Груевски

Американскиот специјализиран воен сајт Global Firepower објави ранг листа на воено најмоќните земји во светот. На врвот на листата се САД, Русија, Кина и Индија. Меѓу земјите од регионот најдобро е рангирана Србија..

Според годишниот извештај на оваа веб-страница, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил се меѓу првите 10 воено најсилни земји во светот.

Погоре наведениот веб сајт кој е специјализиран за рангирање на армии во светот Македонската армија ја вброи во 10 те најслаби на светот.

Но според нашата министерка за Одбрна Славјанка 135 место за нашата армија е нарачана бројка лично од груевски затоа што тој љубомори на успесите на владата предводена од СДСМ.

Славјанка„ Што бе нашата Армија!? Е што и фали???? Ма какво 135 место пфффф ма ајде ви се молам измислици, па дали знаете колку оружје имаме ние а? Па ние секој ден извезуваме оружје како донации и тек допрва ќе извезуваме!!! А тоа дека сме биле на 135 место од авион се гледа дека е нарачана бројка од Груевски тој гарант се има јавено во тој сајтот за рангирање и им има речено колку што треба ќе си платам само АРМ да биде меѓу последните за сите да и се смејат на Славјанка“. Посочува нашата министерка

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw